По 30 години дојде крајот за Симпсонови

Снимањето на познатата анимирана серија „Симпсонови“ е доведено во прашање поради спојувањето на „Дизни“ и „Фокс“. По три децении, опстанокот на најпопуларната анимирана серија на планетава може повеќе да не се снима.

„Фокс“ веројатно ќе се најде во ситуација сам да го финансира понатамошното снимање. „Индепендент“ пишува дека по завршувањето на тековната 30-та сезона, Мет Гронинг ќе има неверојатни 663 снимени епизоди.

По завршувањето на тековната 30-та сезона, зад анимираната серија Мет Гронинг ќе има неверојатни 663 епизоди. Импресивен, иако скап, подвиг на „Фокс“. Според пишувањата на „Варајети“ серијата веќе неколку години остварува губиток, а нејзиното постоење било овозможено само од парите од лиценцирање.

Поради тоа, иднината на оваа анимирана серија е доведена во прашање. Уште повеќе што „Дизни“ е подготвен да го превземе „Фокс“.

Веројатно ќе се најде договор за лиценцирањето биде уредено на поинаков начин. Но, загрижувачки за фановите е дека „Фокс“ повеќе нема да ги дели трошоците за секоја епизода од „20th Century Fox“, па ќе мора сам да ја плаќа секоја епизода без гаранција дека тие пари ќе ги врати, како што било случај во изминатите години.

 

Изгледа дека „Фокс“ можеби ќе нема друг избор, освен да ја прекине серијата на извесно време. И покрај тоа, според пишувањата на одредени медиуми, можно е да се очекува некој вид на римејк на две сезони од Симпсонови.

Дури и ако „Фокс“ биде подготвен да го спречи понатамошното снимање, „Варајети“ тврди дека „Дизни“ има голем број на опции кога се во прашање омилените цртани јунаци на голем број фанови. Една од нив е можнста серијата да биде продлжена со емитување на надоаѓачкиот стриминг сервис „Дизни+“.

 

 

Текстот По 30 години дојде крајот за Симпсонови е превземен од Reporter.mk.