Лекар ја тужи Палтроу оти му ги скршила ребрата

Докторот Тери Сандерсон (72) ја тужи холивудската глумица Гвинет Палтроу оти наводно му ги скршила ребрата на скијање во 2016 година во американската држава Јута. Тој бара отштета од 3,1 милиони долари. Според него, глумицата налетала на него со скиите, го удрила и продолжила да скија без да повика помош, пишува „Дејли мејл“. Тој добил потрес на мозокот и скршеници на ребрата.

„Слушнав хистеричен крик и удар од грбот“, рекол Сандерсон. Тој тврди дека подоцна до него дошол ски-инструкторот Ерик Кристијансен, кој му кажал дека самиот е виновен за несреќата и продолжил да скија. Инструкторот и Палтроу, наводно, не ја повикале скијачката патрола и не кажале никому дека има повреден човек.

Сандерс има и сведок кој тврди дека видел сè и ја препознал познатата актерка. Актерката не коментира за случајот, но веднаш ангажирала адвокати, пренесува весникот.

Текстот Лекар ја тужи Палтроу оти му ги скршила ребрата е превземен од Reporter.mk.