Кинезите се фалат со нови проектили што може да погодат бродови во движење (ВИДЕО)

Кинеските државни медиуми објавија видеоснимка од својот проектил „Убиецот Гуам“, кој наводно е оспоруван од претходниот извештај на ОН, во кој е изразено сомневање во способноста на Кина да онеспособи носачи на авиони.

Кусиот видеоматеријал, во кој се фали напредната технологија на проектили, во Кина првпат е прикажан на 24 јануари. Потоа следувале текстови што ги поткрепуваат тврдењата од видеоснимката дека проектилите може да погодат носачи на авиони.

Според CNN, медиумските прикажувања на воената сила на Кина на меѓународната сцена се дел од пропагандната кампања, која е осмислена за да ја импресионира домашната публика.

Сепак, експертите што го прегледале видеоматеријалот, што наводно прикажува балистички проектили со среден дострел DF-26, сметаат дека снимката всушност открива многу малку информации.

„Видеозаписот не покажува дека проектилите може да погодат цел во движење на море“, изјавил воениот експерт Чарл Шустер за CNN.

„Тоа што може да се види е стандардно лансирање балистички проектил, без ознаки дали може или не може да погоди подвижна или неподвижна цел“, додал Шустер.

Текстот Кинезите се фалат со нови проектили што може да погодат бродови во движење (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.