Натпреварот за песна на Евровизија 2019 годинава ќе се оддржи во Тел Авив во мај, а некои од натпреварувачите се веќе познати. Оваа година Франција ќе ја претставува Билал Хасани (19) со песната “Roi”, што во превод значи “Крал”. Сепак, Билал не очекувал победа, бидејќи мислел дека нема да им се допадне што е транссексуален изведувач. По гласањето на меѓународното жири, тој беше на петтото место со 50 поени. Неговите многубројни обожаватели му помогнаа да ја оствари целта освојувајќи речиси 36 отсто од гласовите. Со 150 поени од публиката тој победи во конкуренција од седум пејачи. Билал е од Мароко и пее од петгодишна возраст. На YouTube го следат речиси 800.000 обожаватели, а песната “Roi” има повеќе од шест милиони прегледи.
Текстот (Видео) Тинејџер транссексуалец ќе ја претставува Франција на „Евросонг“ е превземен од Reporter.mk.