(Видео) Фудбалер со глава удри противнички тренер

Фудбалерот на италијанскиот третолигаш Лукезе, Џанкарло Фаварин, е суспендиран на пет месеци неиграње на фудбалските терени, откако со глава го удрил помошниот тренер на Алесандраија Геатана Мансина.

Ваквиот потег Лукезе го направил затоа што вели дека го слушнал како тренерот на противничкиот тим му кажал на еден од своите играчи да му ја скрши ногата на нокои од противничките фудбалери.

Италијанските медиуми пишуваат дека Фаварин со глава го удрил Мансино, кој по ударот завршил на земја. Мечот кој се играл во неделата на крај завршил со резултат 2:2.

Помошниот тренер на Алесандрија е суспендиран на два меча, поради навредување и провокативно однесување кон противничкиот тренер, во текот на мечот.

Текстот (Видео) Фудбалер со глава удри противнички тренер е превземен од Reporter.mk.