Пронајдени делови од исчезнатиот авион на фудбалерот Емилијано Сала

Приватните истражители кои биле ангажирани од семејството на Емилијано Сала, објавија дека пронашле остатоци од авионот, за кои веруваат дека се од леталото со кое патувал исчезнатиот фудбалер.Приватната компанија AAIB, која била ангажирана од најблиските членови на семејството на Сала, објавиле дека пронашле два дела од седиштата на авионот, за кои веруваат дека се од авионот на аргентинскиот фудбалер.

„Пронајдовме два дела од авионски седишта, за кое веруваме дека припаѓаат на леталото на Емилијано Сала“, објавиле приватните истражители, кои биле најмени од семејството на аргентинскиот фудбалер.

Семејството било принудено на ваков потег откако полицијата ја прекинала потрагата за нив по три дена неуспешна акција. Тие ги пребарувале островите во Англискиот канал, кои ги спојува Франција и Велика Британија.

Семејството на своја рака ќе го бара исчезнатиот фудбалер, ангажирана и подморница

Текстот Пронајдени делови од исчезнатиот авион на фудбалерот Емилијано Сала е превземен од Reporter.mk.