Кјемјира Клонгсанун забележала како останатите маратонци избегнуваат мало куче на патот за време на маратонот во Тајланд. Таа решила да застане и да го земе во раце куче кое се тресело од страв. Бидејќи немало други луѓе или куќи наоколу 43-годишната жена претпоставила дека животното се изгубило или е напуштено.
Таа го земала кучето и продолжила да трча уште 30 километри со него за да го заврши маратонот. Публиката ја подржувала, а останатите учесници ја гледале и изненадено се насмевнувале. Кјемјира ја поминала целта заедно со малото куче. Според неа кученцето е старо само неколку месеци и таа решила да го посвои, па им го дала името Чомбуенг, според името на маратонот за време на кој го пронашла.
Текстот Маратонка трчаше 30 километри со мало куче кое го најде на патот за време на трката е превземен од Reporter.mk.