Брановидна зграда, необично најдобар станбен објект

Градбата која ја чинат пет кули инспирирани со водите на фјордот Велје и околните ритчиња во Данска е една до најнетипичните градби на светот. „Брановите“ кои доминираат со Велје можат да се видат од воз, од пат или од реката на деветтиот по големина град во Данска кој се сместил на североистокот на полуостровот Јутланд. Чудото на архитектурата инспирирано од фјордот Велје со текот на годините станал еден од најпознатите симболи на градот, но и државата.

Преку ден белите бранови на зградата се огледуваат во водата, а кога ќе се стемни, градбата поприма изглед на планина осветлена со разни бои. Зградата има 140. атрактивни апартмани со поглед на фјордот,а проектот го потпишува компанијата „Хенинг Ларсен

Архитект’. Пред девет години Здружението на европските архитекти им ја врачило наградата „Leaf“ за најдобар станбен објект. Многу стручни списанија оваа гардба ја споредуваат со познатата зграда на Операта во Сиднеј.

Текстот Брановидна зграда, необично најдобар станбен објект е превземен од Reporter.mk.