Џон Леџенд не знае да плива

Пејачот Џон Легенд откри дека не знае да плива иако има 40 години. Веста пејачот ја сподели со своите следбеници на „Твитер“.

„Не знам да пливам. Последниот пат кога учев да пливам имав пет години. Денес повторно почнав да одам на курс за пливање. Татко ми научи да плива на 60-годишна возраст, така што имам време“, напиша Леџенд.

Неговата сопруга Криси Тиган објави видео од неговиот прв час по пливање и напиша дека се гордее со него. Џон и Криси се во брак од 2013 година. Нивните обожаватели често ги фалат оти не ја искривуваат реалноста и се прикажуваат онакви какви што се. Тие признаваат на обожавателите кога се скарани, Криси боруваше за постпородилната депресија и отворено кажуваше колку ѝ е мака да ослабе по бременоста.

Текстот Џон Леџенд не знае да плива е превземен од Reporter.mk.