Додека Америка се мрзне на -50, Австралија се пржи на +50 степени

Додека Америка е погодена од „арктички“ леден бран и ги спушти температурите на 50 степени под нулата, граѓаните во Австралија и Нов Зеланд не можат да ги поднесат жешките температури.

Некои од граѓаните во Австралија ја измериле температурата на асвалтот за која велат дека достигнала и до 50 степени целзиусови. Велат дека на некои делови забележале дека асвалтот се топи.

Додека на северната хемисфера Америка се бори со снегот и студот, на јужната хемисфера е целосна спротивност. Разликата во температурите изнесувала и до 100 степени.

„Во двата дела во светот времето како да полудело, контраста е застрашувачка. Додека службите на територијата во средниот американски запад, им порачуваат на луѓето што да работат, за да ги преживеат екстремно ниските температури, жителите и животните во Австралија минатата недела се соочиле со исторсики топол бран и пожари.

Се очекува делови од САД до крајот на неделата да бидат зафатени со многу ниски температури кои ќе се спуштат и до минус 53 степени, предупредуваат метеоролозите. Австралија се бори со топол бран кој траел со денови, а последиците за тоа би можеле да бидат сериозни, предупредуваат експертите.

Во Чикаго во текот на ноќта била измерена температура од минус 30 степени целзиусови. Во делови од градот температурата била пониска и од температурата во некои делови на Антарктикот. Во местото Гранд Фокс, во Северна Дакота во текот на вечерта биле измерени 54 степени.

Рекордно висока температура ја зафатила цела Австралија, посебно западниот дел каде биле измерени и 50 степени целзиусови. Колку е студено во Америка, говори и податокот дека стигнало предупредување од метеоролозите дека на толку ниски температури можно е замрзнување и по само десет минути изложеност на студот.
Исто така работниците од градската железничка мрежа „Метро“ во Чикаго, почнале да ги горат шините за да ги затоплат и да спречат снегот и ледот да го спречи движењето на возовите низ градот.
Од друга страна во Австралија поради горештините, животните умираат, а минатата недела биле пронајдени 90 диви коњи, кои починале поради екстремните топлини.

Текстот Додека Америка се мрзне на -50, Австралија се пржи на +50 степени е превземен од Reporter.mk.