(Галерија) Анџелина и Бред нервозни на првата средбата по разводот

Две и пол години откако објавија дека се разведуваат, Бред Пит и Анџелина Џоли вчера се сретнаа првпат, во адвокатска канцеларија во Њујорк. Тие се карале, биле нервозни, а Бред цело време шетал од едната на другата страна на канцеларијата, пишуваат американските медиуми кои ги објавија сликите од нивната прва средба и од кавгата пред адвокатите.

„И Анџелина и Бред делуваат нервозно и луто. Тензијата меѓу поранешната брачна двојка е јасно видлива и преку замагленото стакло“, пишуваат американските медиуми.

Анџелина и Бред се уште не се официјално разведени, бидејќи не можат да се договорат околу старателството на децата.

Двајцата актери неодамна беа во центарот во вниманието на јавноста заради нивниот љубовен живот. За Анџелина се пишуваше дека почнала врска со глумецот Џаред Лето, а за Бред дека повеќе од еден месец се гледа со актерката Шарлиз Терон.

Текстот (Галерија) Анџелина и Бред нервозни на првата средбата по разводот е превземен од Reporter.mk.