Гитаристот и член на музичката група „Меморија“, Петар Георгиевски Камиказа денес го слави 58 роденден. Перо на социјалните мрежи објави фотографија од една од неговите маратонски трки со знамето во раце.
„Македонија Вечна. Добро утро“, напиша тој. Музичарот доби честитки од многубројните фанови, а еден од нив ја постираше песната „Нена“ во изведба на „Меморија“ во Рок Подиум.
„На денешен ден, пред 58 години – во Скопје, е роден уште еден великан на Македонската рок сцена, басистот на Мах, Нова Генерација, Фол Јазик, Модел, Долар, Резервоар. Нека ти се дуплираат овие години пријателе и да бидеш жив, здрав и весел. Се подразбира уште многу музика се очекува од тебе“, напиша еден обожавател на Камиказа.
Перо е активен на социјалните мрежи, а неодамна се пофали и со прославата на 30 роденден на неговиот син Христијан. Тој сподели семејна слика на која е со синот и со неговиот татко, па откри дека тројцата мажи заедно сега имаат 180 години.
(Фото) Синот на Перо Камиказа наполни 30 години, три генерации на семејството славеа роденден
Текстот Перо Камиказа, славенички за 58. роденден е превземен од Reporter.mk.