Дупка со големина на Менхетен откриена на глечер на Антарктикот

Неодамна беше откриена огромна шуплина со дијаметар нешто поголем од половина Менхетен, која постојано се шири на антарктичкиот глечер, што сигнализира дека мразот се топи со голема брзина.

Огромната дупка длабока околу 300 метри се наоѓа на дното на глечер на западниот дел од Антарктикот, изјавија од лабораторијата на НАСА. Важно е да се истакне дека големината на овој глечер е отприлика колку големината на Флорида.

„Големината и ширењето на новооткриената дупка се навистина изненадувачки. Шуплината некогаш беше полна со 14 милијарди тони мраз, а поголемиот дел од нив се стопи во последните три години“, рекоа експертите од НАСА.

Надгледувајќи го долниот дел од глечерот, истражувачите се надеваат дека ќе можат да пресметаат колку брзо ќе порасне глобалното ниво на морињата како одговор на климатските промени. Во самиот процес на истражување беа користени зрачни и сателитски радари за откривање на дупки.
„Со години се сомневавме дека Твејтс не беше цврсто врзан за тлото под него. Благодарение на новата генерација на сателити конечно можеме да забележиме и детали околу нашето истражување“, рече Ерик Ригнот, еден од авторите на истражувањето.

Според некои проценки, глечерот содржи доволно мраз за да го подигне глобалното ниво на морињата за нешто повеќе од 65 метри, кога би дошло до целосно топење.

Извор: Klix.ba

Текстот Дупка со големина на Менхетен откриена на глечер на Антарктикот е превземен од USB.mk.