Емина Јаховиќ: Не сум трудна

Пејачката Емина Јаховиќ демантира дека е бремена. Таа на својот инстаграм-пофил објави слика од натпис во весник во кој стои дека таа е во четвртиот месец од бременоста, а дека татко на детето е турскиот милијардер Садетин Саран, со кого е во врска неколку месеци.

„Епа не сум бремена… Но, раѓам нови песни“ напиша Емина на сликата.

Таа е во центарот на вниманието откако се разведе од пејачот Мустафа Сандал, а брзо потоа почна врска со турскиот милијардер Садетин. Медиумите во регионот пишуваа дека двојката раскинала, па дека се смириле, а сега и дека таа чека дете.

Емина веќе има две деца од бракот со Мустафа Сандал, синовите Јаман и Јавуз, за кои вели дека се уште не го запознале Садетин.

 

Текстот Емина Јаховиќ: Не сум трудна е превземен од Reporter.mk.