Државата Сомалија е најкорумпираната земја во светот, додека Данска од друга страна е на последното место на оваа листа. Ова го покажува најновото истражување направено за глобалната корупција.
На оваа листа само 20 држави напредувале, додека 16 оствариле пониски позиции во изминатите години. Она што посебно загрижува е што Америка е земја која паднала за неколку места, што за некои претставува активирање на црвениот аларм, пишува Дејли Мејл.
Она што создава најголем проблем во Сомалија е несигурноста и моменталната нестабилност. Корумпираните владини официјални лица ја толерираат илегалната активност во замена за мито.
На нефункционалните институции им е олеснато безаконието, а отсуството од какво било регулаторно тело ја попречува перспективата на економската конкурентност.
Делувањето се заснова на мрежа на покровител, а го цврстува монополот на пазарот. Владејачките елити постојано се вклуени во наводните проневери на јавните средства.
Правосудството во оваа земја е исклучително корумпирано и подложна на политичко мешање, што само по себе го прави неефикасен. Судовите се нефункционални и зависат од локалните кланови.
Корупцијата е присутна и во полицијата, неказнивоста е распостранета на секое поле, а властите не можат да одржат ефикасна контрола над полициските сили.
Компаниите од Сомалија се принудени да соработуваат со насилните групи и да се бранат од закани. Состојбата во војската не е ништо подобра, а лидерите ги лажираат бројот на членовите на војската за да добијат поголемо финансирање. На ова место воглавно функционираат семејните и деловни врски.
Во 1991 година, државните институции во Сомалија доживеале целосен колапс, а напорите да се обноват биле скромни поради честите конфликти и корупции.
Економијата ја контролираат група која е блиска до владејачката елита, додека пазарната конкуренција не постои, пренесува business-anti-corruption.com.
„Transparency International“ во своето истражување посебно ја истакнал Унгарија и САД во својот индекс за 2018 година, а посебно интересно е што Америка е исфрлена од првите 20 на листата.
Америка на Доналд Трамп изгубила четири бода и за прв пат од 2011 година ги напушти првите 20 места каде се наоѓаат земјите кои се најмалку корумпирани. Што се однесува до Унгарија, се смета дека за тоа е одговорно нивото на политика која тргнала во автократски правец, велат истражувачите.
„Падот од четири бода е црвен аларм за САД и доаѓа во моментот кога Америка доживува закана во својот систем на проверка и рамнотежа, како и ерозија на етични норми на највисоко ниво на моќ“, исткануваат од оваа организација.
„Ако овој тренд продолжи, тоа би можело да биде сериозен проблем во оваа земја, која ја превзема водечката улога по ова глобално прашање“, порачуваат истражувачите.
Зое Рејтер, која ги врши ваквите типови на проверки за САД, истканува дек постои сериозна загриженост во врска со администрацијата на Трамп, но дека корупцијата веќе со години е голем проблем.
„Конфликтот на интереси не е нов проблем, но сега повторно стапува на сцена, кога имате некој кој секојдневно ги крши нормите“, вели Зое.
Трамп е симптомот, а не причината. Неговата администрација само ги врати во фокус некои од проблемите. САД, Унгарија и Бразил се наведени како држави на кои би требало да се обрати внимание.
Сомалија е оценета со оценка 10-ка како земја која најмногу е корумпирана, а за неа следат Сирија, Јужен Судан, Јемен, Северна Кореја, Судан, Гвинеја Бисао, Екваторијална Гвинеја, Авганистан и Либија.
Многу од корумпираните држави во регионите се војува, а тие конфликти ги опустошија голем дел од владите и изгубија било каква смисла на демократија.
Индексот на перцепција на корупцијата покажува дека повеќе од две третини на земјите добиле оценка под 50, на скалата каде бројката 100 покажува дека нема корупција, додека бројката 0 покажува дека корупцијата е најмногу присутна. Во ова истражување се наведува и врската меѓу корупцијата и здравата демократија.
Земјите во кои е развиена демократијата имаат во просек 75 поени на индексот на корупцијата, додека оние со помалку имаат 49. Автократски режим имаат во просек 30 поени.
Американските бодови паднаа од 75 на 71 бод. Унгарија паднала за осум поени, Турција за девет во последните пет години. Турската држава е оценета како делумно слободна земја, а Унгарија ја добила најниската оценка за политички права од падот на комунизмот во 1989 година.
Повеќето држави од Балканот добиле помалку од 40 поени, па така Србија е оценета со 39, Босна и Херцеговина со 38, Македонија со 37, Албанија со 36. Хрватска подобро котирала и добила 48 поени, додека Словенија е оценета со 60 бодови.
Оцените го одразуваат и влошувањето на владеењето на правата и демократските институции, како и забрзаното намалување на просторот за цивилно друштво и независни медиуми, истакнуваат од оваа организација.
„Корупцијата е во процевет таму каде демократските основи се слаби и како што сме виделе во многу земји, таму каде недемократските и популистичките политичари можат да имаат корист“, порачуваат од оваа организација.
Данска добија оценка 88, а за неа следат и Нов Зеланд, Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија. Главната група ја потпуниле и Норвешка, Холандија, Канада, Луксембург, Германија и Британија.
Од 2012 година, само 20 држави ги подобриле своите позиции, вклучувајќи ја и Аргентина и Брегот на Слонова Коска. Истовремено дури 16 држави паднале на оваа листа, а меѓу нив се и Австралија и Чиле. Индексот е направен благодарение на 13 различни извори на податоци, кои даваат увид во корупцијата во јавниот сектор.
Текстот Во најкорумпираната земја во светот, без мито не можете ни во тоалет да отидете е превземен од Reporter.mk.