Пронајден авионот со кој леташе Емилијано Сала

Авионот со кој леташе аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала е пронајден во неделата доцна вечерта, пренесува Sky News. Леталото со кое леташе фудбалерот од Нант во Кардиф исчезна пред две недели, на 22 јануари, а откако полицијата ја прекина потрагата, неговото семејство покрена самостојна потрага за која собра 300 000 евра.

Авионот Pajper Malibu N264DB бил пронајден од еден пловен објект наменет исклучиво за трагање со помош на сонар. Службите откриле дел од авионот на дното на Ла Манш, северно од островот Гернсија.

Тимот што ја водеше потрагата на чело со Дејвид Мернс го пребарале подрачјето и на тој начин го откриле леталото.

„Делот на авионот со кој летаа Емилијано Сала и пилотот Дејдвид Иботсон е лоциран“, потврдил за Sky, Мернс, додавајќи дека за резултатите од потрагата веднаш го известил семејството на двајцата исчезнати.

Првите делови од исчезнатиот авион се пронајдени неодамна на брегот на еден од неколкуте острови во Каналот. Во прашање се две седишта, кои ги откриле две жени кои шетале на плажата.

Откако службите не успеаја да го лоцираат авионот, ја прекинаа потрагата, а бројни играчи на Сала, негови колеги и многу фудбалери ширум светот преку лични донации иницираа продолжување на потрагата.

Неговиот поранешен клуб „Нант“, како и клубот за кој потпиша да игра во Индина, Кардиф, на мечевите што ги одиграа преку викендот, со пораки, транспаренти и навивачки кореографии се простија од Аргентинецот.

Текстот Пронајден авионот со кој леташе Емилијано Сала е превземен од Reporter.mk.