Најомразената жена во Британија би можела да седне на тронот

Камила Розмери, војвотката од Корновол и втората сопруга на британскиот принц Чарлс, е жена која би можела да заврши на британскиот престол и покрај тоа што важи за една од најомразените жени во Британија.

По смртта на принцезата Дајана, таа со години го привлекува вниманието на јавноста. Оние коишто ја познаваат велат дека нејзиниот живот бил сè само не обичен.

Родена е како Камила Розмери Шанд на 17 јули 1947 година во Лондон, како ќерка на мајор Брус Шанд и Розалин Кубит. Камила има брат по име Марк и сестра Анабел.

Љубовната приказна со Чарлс е нешто за што народот сакал постојано да раскажува. Познавачите на кралското семејство сега се прашуваат дали Камила би можела да стане новата британска кралица.

По смртта на Дајана, Камила не била премногу популарна меѓу британскиот народ. Дел од Британците биле гневни на неа и ја обвинувале за смртта на принцезата од Велс.

Весниците секојдневно објавувале бројни наслови кои говореле за Камила во негативен контекст. И покрај советот на кралицата Елизабета II нејзиниот син да не ја објавува врската, на крај принцот Чарлс излегол во јавноста објавувајќи ја љубовта на својот живот.

Камила пред сè имала тешка задача како член на кралското семејство. Таа до ден денес не знае како да го натера својот народ да ја засака. Што може да направи за да ги разбие предрасудите за себе и како луѓето да престанат да ја гледаат како државен непријател број еден?

Текстот Најомразената жена во Британија би можела да седне на тронот е превземен од Reporter.mk.