Ако брегзит тргне на лошо, ќе се активира итен план за евакуација на кралското семејство

Британските официјални лица и служби повторно го активираа итниот план за евакуација на кралското семејство, во случај да дојде до големи нереди по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

„Овие планови за итна евакуција на кралското семејство постојат уште од периодот на втората светска војна. Сега би можеле да бидат искористени во случај на граѓански немири. Односно доколку доколку дојде до ситуација да се случи брегзит без никаков договор со ЕУ“, наведува британскиот весник „Сандеј Тајмс“.

Повикувајќи се на неименуван извор од кабинетот на премиерката Тереза Меј, британскиот весник „Дејли Мејл“ пишува за плановите за кралското семејство, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета. Планот има за цел по настанатите немири, кралското семејство биде преместено на безбедна локација надвор од Лондон.

Конзервативниот пратеник и приврзаник на брегзит, Џејкоб Рис Мог изјавил дека ваквите планови се непотребни и истите предизвикуваат непотребна паника меѓу официјалните лица, поради можноста за немири по излегувањето на Британија од ЕУ, без никаков договор.

 

 

Текстот Ако брегзит тргне на лошо, ќе се активира итен план за евакуација на кралското семејство е превземен од Reporter.mk.