Бобан Цаневски ја напушти групата „Маестро“

Фолк-пејачот Бобан Цаневски стави крај на соработката со групата „Маестро“. Пејачот вели дека причините се нивните различни погледи за иднината на бендот.

„Во нашата работа е секогаш така. Завршуваш едни соработки, почнуваш други, но важно е да го задржиме пријателството, бидејќи толку сме на нашата естрада. Имавме убава соработка со оваа група, но имајќи предвид каква успешна година оставив позади себе како соло-изведувач и какви ми се плановите за следнава 2019 година, решив повеќе да се посветам на соло-кариерата и да дореализирам сè што имам во план“, вели Бобан.

Цаневски во новата година влегува со најава за многу нови музички проекти, а вели дека ужива во поддршката што ја добива од љубителите на македонската народна песна.

„Наскоро влегувам во студио и почнувам со работи на многу нови проекти и изненадувања за вистинските уживатели на нашата убава народна песна. Навистина имам многу планови, па затоа во новата година решив да направам и некои промени, кога станува збор на професионален план“, вели пејачот.

 

Текстот Бобан Цаневски ја напушти групата „Маестро“ е превземен од Reporter.mk.