Актерот Лијан Нисон за време на конференцијата по повод претставувањето на новиот филм Gold Prusuit пред новинарите раскажал дека во одреден период од неговиот живот сакал да тргне во одмазнички поход, откако слушнал дека нeгова блиска пријателка била силувана.
„Таа со силувањето се носеше на неверојатен начин, а мојата прва реакција беше дали знае кој ѝ го направил тоа. Ми одговори дека не знае, а ја прашав за расата на напаѓачот. Ми одговори дека бил црнец. Се симнав доле со палка во рацете со надеж дека некој ќе ми пријде. Се надевав дека некој ќе излезе од некој паб и ќе ме нападне. Беше ужасно, но ја научив лекцијата од тоа. На крајот сфатив дека потребата за одмазда само раѓа нова потреба за убивање и убивање“, изјавил 66-годишниот актер.
Текстот Пријателката на Лијам Нисон била силувана, актерот сакал да се одмазди е превземен од Reporter.mk.