Пред да застане пред олтарот во 2011 година со неговата сопруга Кејт Мидлтон, принцот Вилијам бил вљубен во неговата пријателка од детството Арабел Масгрејв.
Иако љубовната приказна за Вилијам и Кејт изгледа како бајка, сепак за време на својата врска двајцата наидувале на бројни потешкотии. За среќа, сите проблеми настанале пред венчавката.
Вилијам ја запознал својата идна сопруга Кејт на факултет, но претходно бил во страствена врска со Арабел. Ова го пишува во биографијата William and Harry: Behind the Palace Walls, вели експерт за кралското семејство Кети Никол.
Арабел била дел од таканаречената екипа Glosse Posse, која била составена од најблиските пријатели на принцовите Вилијам и Хари. Таа добивала покани за сите журки што ги правеле британските принцови во подрумот на кралскиот имот. На една од тие забави Вилијам забележал дека неговата пријателка процветала, вели Никол.
„Додека Арабел шетала низ просторијата, Вилијам морал да погледне двапати за да се увери дека тоа е навистина таа. Арабела израснала во прекрасна девојка, па Вилијам се прашувал постојано како дотогаш не ја забележал“, пишува во биографијата.
„Танцуваа и пиеја до раните утрински часови, а кога Арабела отишла на спиење, по неа отишол и принцот Вилијам. Тоа било почеток на страствена романса и двајцата целото лето го минале заедно“, напишала Никол.
Нивната врска станала толку сериозна што Вилијам за нивната врска му кажал и на неговиот татко од кого добил благослов. Кога есента заминал на факултет, на Вилијам му недостигала Арабел. Поради неа размислувал да сè откаже од школувањето и да се врати дома за да го минува времето со неа. Потоа во неговиот живот влегла Кејт.
И двајцата се запознале на првата година на факултет, а таа го поттикнала да не се откажува од школувањето, пренесува британски „Сан“. На втората година факултет, Вилијам и Кејт почнале да живеат заедно, сето останато е историја. Арабел пронашла нова љубов. Се омажила во 2014 година за Џорџ Галијерс Прат.
Сега работи како пиар за модната куќа „Гучи“.
Текстот Пред да ја земе Кејт, Вилијам бил вљубен до уши во другарка од детството е превземен од Reporter.mk.