Еден од најпопуларните холивудски филмови на сите времиња, „Одвеано со виорот“ е промовиран пред 80 години. По тој повод на филмот повторно почна да се прикажува во кината во Америка. Популарниот филм од 1939 година е снимен по истоимената книга на Маргарет Мичел, а ја раскажува приказна за Скарлет О’Хара, која среде американската граѓанска војна се обидува да го спаси семејниот имот во јужниот дел на земјата. Во главните улоги глумеа британската актерка Вивиен Ли (Скарлет) и Клерк Гејбл (Рет Батлер).
Режисер на филмот е Виктор Флеминг. Тој сакал улогата на Скарлет, за која се пријавиле 1.400 актерки, да ја глуми Полет Годард. Улогата на Рет првично му била понудена на Гари Купер, но тој ја одбил велејќи дека „Одвеано со виорот“ ќе биде најголемиот неуспех во историјата на Холивуд. Филмот освои осум Оскари, а имаше тринаесет номинации. „Одвеано со виорот“ освои и два почесни Оскара. Тој е еден од филмовите со најголема заработувачка во историјата на американската филмска уметност. Американскиот филмски институт го рангира во листата „100 години – 100 филма“ каде беа избрани најдобрите филмови во изминатиот век.
Текстот 80 години „Одвеано со виорот“ е превземен од Reporter.mk.