Рубикова коцка е класична загатка создадена во 1974 година од унгарскиот архитект и дизајнер, професорот Ерно Рубик. Истата се состои од 27 помали коцки распоредени во решетка 3х3х3 обоени со налепници на надворешните страни од помалите коцки. Секоја од шесте страни од коцката може слободно да се ротираат, со што се движат помалите коцки.
Целта на Рубикова коцка е да се стартува од случајно измешани бои на малите коцки, до конфигурација во почетната положба со сите идентични бои на секоја од страните на големата коцнака.
Добро е познато дека решавањето на загатката е навистина тешко. Откако ја измислил и самиот Ерно Рубик потрошил цел месец за да ја намести. Оттогаш се развиени различни методи и техники за нејзино брзо решавање. Експертите за решавање на Рубиковата коцна денеска можат да се пофалат со рекорд кој изнесува неверојатни 3,49 секунди.
Загатките како Рубиковата коцка се нешто што ги фасцинира математичарите . Геометриската природа на играта совршено се справува со математичката анализа. Затоа секое решение за некоја посебна конфигурација на Рубикова коцка може да се смета како листа на основни потези потребни за враќање на таа конфигурација во почетната состојба.
Прашањето кое во оваа констелација се поставува е: Кој е минималниот број на потези потребни за да ја наместите Рубиковата коцка?
Изненадувачки, потребни беа 36 години од пронаоѓањето на одговорот. Во 2010 година, група математичари и компјутерски програмери покажаа дека Рубикова коцка може да се реши најмалку со 20 потези. Еве како: ЛИНК.
Текстот Со колку потези може да се намести рубиковата коцка? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.