Во Кина наскоро ќе има фабрика каде што роботи ќе градат роботи (ВИДЕО)

Швајцарско-шведската компанија ABB Group во Шангај планира да изгради „фабрика на иднината“ во вредност од 150 милиони долари.

Како што се наведува во соопштението, оттаму планираат погонот да го отворат во 2020 година и од него да ја создадат најмодерната фабрика за роботи и софтвер на светот, во која роботите ќе градат роботи.

Во овој случај луѓето ќе ја надгледуваат работата на целиот роботски погон, а во производствениот процес ќе им помогнат познатиот робот на ABB, YuMi, и автомобил на автопилот, кој ќе служи за достава на потребните суровини.

Инаку, одделот на ABB за роботика се занимава со производство на роботи за други фабрики, а нивните производи најчесто се користат во производство на автомобили, составување електронска опрема и во прехранбената индустрија.

Со изградбата на новата фабрика во Шангај, вложувањата на оваа швајцарско-шведска компанија во Кина ќе достигнат речиси 2,4 милијарди долари.

Извор: Vecernji List

Текстот Во Кина наскоро ќе има фабрика каде што роботи ќе градат роботи (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.