Близок пријател на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан вели дека старлетата не е задоволна со својот изглед и дека е подготвена на сè само за да го добие посакуваниот изглед.
Тој вели дека Ким размислува и да извади неколку ребра за да ја добие витката става. Кардашијан воопшто не е задоволна од себе сѝ и покрај тоа што секојдневно е подложна на строги диети и исцрпувачки режим на вежбање.
Кардашијан својата опседнатост со својата линија ја има потврдено во голем број случаи, а сега вели дека е подготвена да поднесе уште поголема жртва, само за да ја задржи идеалната слика која ја има за своето тело.
„Ким планира во иднина да јаде како птица. Таа пие само зелени и здрави шејкови ѝ не конзумира премногу протеини. Димензииите на телото сè целосно нереални. Понекогаш е толку уморна што не може да стане од кревет. Веројатно не конзумира премногу калории, а теретаната не ја прескокнува“, открива изворот.
Јавноста се уверила во опседнатост на Ким со себе сѝ уште минатата година, кога старлетата споделила видео на социјалните мрежи, во кое заедно со нејзината сестра Клои зборувлеа за диетите кои ги практикувале.
Ким ја сметала за комплимент изјавата на нејзината сестра Клои, кога ја пофалила дека нејзината половина изгледала како да станува збор за анорексчна личност и дека никогаш не видела послаба девојка во нејзиниот живот. Ким тогаш признала дека во тој период јадела само житарици и салати.
Сега нејзиниот близок пријател вели дека уморот и малаксаноста не ја спречуваат Ким редовно да ги посетува вежбалните и да го изложува своето тело на дополнителни напори.
„Таа посетува теретана два до три пати дневно“, вели изворот кој додал дека нејзините тренинзи се прилично екстремни. Тој додава дека Ким редовно трча, ги вежба стомачните мускули, но и боксува.
„Ким сега мисли дека изгледа сексипилно од кога било претходно. Тоа е пред се поради тренинзите на кои се премногу сè изложува“, вели изворот.
Нејзиниот пријател додал дека нејзиното семејство се грижи дека со нејзината опсеседнатост за згодно тело и тренинзите Ким отишла предалеку. Вели дка дека нејзиното тело сега изгледа целосно неприродно. Нејзините блиски сметаат дека нејзината половина изгледа исклучително тенка, а градите и задникот ѝ се огромни.
Ким тежи 50 килограми, што за нејзината висина делува целосно вештачки. Повеќето жени никогаш не би можеле да го постигнат тоа што Кардашијан го прави, но не сè само тренинзите и екстремни диети, единствената работа што ја прави старлетата, за да изгледа така како што изгледа.
„Кардашијан оди на затегнувања и пополнувања на кожата и телото, а дури се согласила и да извади неколку ребра за да го постигне посакуваниот резултат“, вели изворот.
Нејзините пријатели и семејство сметаат дека нејзината опсесија оди предалеку, со оглед на тоа што Ким ниту сега не е задоволна од својот изглед, а планира да направи сè како би можела да се креира самата себе си, без разлика на тоа колку ќе ја чини, финансиски или на кој било друг начин.
Текстот Ким Кардашијан сака да ги извади ребрата за да изгледа витко е превземен од Reporter.mk.