Минатата година беше четврта најтопла во историјата на човештвото

Минатата, 2018 година, влезе во листата на четири досега најтопли години во историјата на Земјата откако се мери температурата на воздухот. Информацијата ја презентираа експертите на NASA по спроведените анализи на температурнитемерења на планетава за изминатата година.

„Минатата година беше уште една исклучително топла година, што дополнително ги надмина границите на долгорочното глобално затоплување“, вели директорот на Институтот за вселенски истражувања на НАСА.

Тој додаде дека ефектите од ваквото време се чувствуваат денес во форма на поплави во САД.

Научниците веруваат дека во последните четири години, температурата се зголемува континуирано, поставувајќи рекорди речиси секој месец.Според експертите,  Земјата може да имаат неповратни последици поради глобалното затоплување, и нема да биде чудно во иднина да се претвори во Венера.

Текстот Минатата година беше четврта најтопла во историјата на човештвото е превземен од USB.mk.