Дневен хороскоп за 7 февруари

Овен

Ова е поволен ден за решавање на сите деловни, административни и формални прашања. Може да се надевате дека ќе ви се случат среќни околности во текот на денот. На љубовно поле може да ви пречи тоа што не минувате доволно време со вашиот партнер. На здравствено поле, треба да поведете сметка на проблемите со вашите нозе.

Бик

На деловно поле може да очекувате стабилност и можност за постепено напредување. Финансиската состојба ви е одлична. На љубовен план тешко ги покажувате чувствата поради разочарувањата кои сте ги имале во минатото. Време е тоа да го надминете. На здравствен план, внимавајте на вашите бубрези.

Близнаци

На деловен план доколку успеете да направите некаков договор на подолги патеки, тогаш ќе бидете задоволни. Вашиот партнер има некакви очекувања од вас и се обидува да ви го стави тоа до знаење. На здравствен план обидете се да се чувате од алергии.

Рак

Во деловното опкружување може да очекувате некакви моментални конфликти и проблеми. Состојбата не ви е онаква каква што сте се надевале дека ќе ви биде. На љубовен план, дојдено е време кога треба да дознаете некои вистини за вашиот партнер. На здравствен план нагласен ви е пад на имунитетот.

Лав

Доколку постапувате импулсивно на работното место, можно е подоцна да се покаете. Внимавајте на вашето однесување на работа. На љубовен план ви се допаѓа личност која покажува емоции кон вас. Наскоро ќе влезете во љубовна врска. На здравствено поле имате проблеми со срцето.

Девица

Обидете се да пронајдете начин да ја промените перспективата и своето мислење за проблемите на работа. На љубовно поле, за оние кои се во брак, очекувајте да имате тежок ден. Можно е атмосферата да биде прилично напната. На здравствено поле, обидете се да ја избегнете масната храна.

Вага

Доколку имате планирано патување или соработка во странство, може да очекувате дека денешниот ден ќе ви биде поволен за такво нешто. На љубовен план, можно е да дојде до прекин на вашата врска со партнерот. Не сте подготвени за компромиси. На здравствено поле избегнувајте ги цигарите.

Скорпија

Денес ве очекува шанса да остварите добра заработка. Можно е помошта да ви стигнува од некоја женска личност. На љубовен план имате потреба да влезете во нови авантури и ќе сакате ви се случува нешто во животот на емотивно поле. Тоа сè уште не се случува. На здравствено поле, почнете да размислувате за диета и слабеење.

Стрелец

Можно е да имате потреба да се дистанцирате од работното место и малку да се одморите. На љубовен план потребно е да ги преиспитате случувањата од минатото и да се обидете да дојдете до одговорите на прашањата за тоа дали сте со вистинската личност. На здравствено поле, имате проблеми со видот.

Јарец

Вие сте одлични во својата работа и лесно ги спроведувате на дело идеите што ги имате. Можете да очекувате дека ќе ви се случат среќни околности денес. На љубовен план ви се допаѓа личноста која изгледа оригинално и слободно. На здравствено поле, можни се проблеми со нервозата.

Водолија

Вие сте задоволни со случувањата на деловен план. Можете да очекувате дека генерално денес се ќе ви се одвива по планираното и ќе ви оди во прилог. Уживате во авантурите и необврзувачкиот флерт со личност родена во воздушен знак. На здравствено поле, имате чувствителен нервен систем.

Риби

Можете да очекувате дека денешниот ден ќе ви биде прилично мирен, кога е во прашање работата. Сите работи се одвиваат по својот тек. На љубовно поле уживате во својата слобода која ви недостигала многу долг период. На здравствено поле имате проблеми си ‘рбетот. Посетете физиотерапевт.

 

Текстот Дневен хороскоп за 7 февруари е превземен од Reporter.mk.