Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ трга во реализација на својот амбициозен план да стане лидер на пазарот за електрични возила, во што вложува 80 милијарди евра.
Ако „Фолксваген“ успее во својата намера, тоа ќе биде благодарение на радикалната и ризичната стратегија, создадена по најголемиот скандал во историја на овој производител – „дизелгејт“, пишува „Ројтерс“.
Оваа масивна инвестиција треба да ѝ овозможи на компанијата профитабилно и масовно производство на електрични возила, што досега не успеал да го постигне ниту еден производител на автомобили во светот.
Досега плановите за производство на електрични возила на големите автомобилски компании имаа една главна цел – да ги заштитат профитите заработени со продажба на конвенционални возила, така што ќе се додаваат доволно возила со нулта емисија на штетни гасови само за да се задоволат прописите за чист воздух.
„Фолксваген“ планира да го зголеми годишното производство на електрични автомобили на три милиони единици до 2025 година, во однос на минатогодишните 40 илјади.
Текстот Фолксваген вложува 80 милијарди евра во производство на електрични возила е превземен од USB.mk.