Мирисајте како Ева Мендез

Холивудската актерка Ева Мендез повторно е заштитно лице на „Авон“, со новиот парфем Eve Truth, кој ја раскажува приказната за слободната и модерна жена.

„Животот е колекција од приказни, колекција од нашите приказни. Почестена сум од можноста да бидам лицето на Eve Truth, кој ја отсликува повеќеслојноста на женскиот карактер и создава комплетно мирисно искуство кое ја персонифицира модерната жена”, вели Ева.

Новиот парфем го дизајнираше Лорен лa Гернек (Laurent Le Guernec) – еден од водечките светски парфимеристи – Eve Truth е композиција од нежни цветови (божур, блескава гарденија и розова фрезија), енергични овошки (свежа карамбола и сочна калинка) и магнетно привлечни минерали (магнетит) за да ја отслика женската волшебна аура.

 

Текстот Мирисајте како Ева Мендез е превземен од Reporter.mk.