Македонскиот независен филм „Јавачи на коњи“ ја доби наградата за најдобар филм на фестивалот Yala International Film Festival во Непал, Јужна Азија, што се одржа минатата недела. „Јавачи на коњи“ е социјална драма по сценарио на Никола Кузелов, а во режија на Марјан Гавриловски. Во главните улоги настапуваат Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Поповиќ. Филмот е снимен 2016 година, а премиерата ја имаше една година подоцна.Ова е втора награда за „Јавачи на коњи“ по наградата за најдобар филм на Fam Fest International 2018 во Северна Каролина, САД. Филмот досега има учествувано на голем број фестивали во светот, меѓу кои и во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка, Швајцарија, Полска, Чешка, Романија и Бугарија.
Текстот Македонски филм најдобар на фестивал во Непал е превземен од Reporter.mk.