Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска имаше кратко обраќање до јавноста во кое ѝ посака брзо и успешно опоравување на водителката на „Пинк“ Деа Ѓурѓевиќ, која утрово по доживеаната несреќа се здоби со тешки повреди на раката.
„Сакам да ѝ посакам брзо и успешно оправување. Сите смè со неа. Младен Мијатовиќ ѝ нејзината мајка. Сè надевам дека ќе издржи и дека се ќе биде во ред“, изјавил Вучиќ.
Докторот кој што беше дел од тимот кој ја извршија операцијата професор Марко Бумбашиервиќ, прочуениот миркохируг, по повеќечасовната операција изјавил дека бил задоволен од сработеното и дека одлично ја сошиле раката на водителката на „Пинк“.
„Се работеше за целосно изместена рака, од лактот кон рамото. Покрај тоа што беше изместена, раката беше отечена. Сепак успеавме да ја сочуваме и да ја пришиеме доста успешно. Мртов уморен сум, целиот бев крвав и испотен. Но, задоволен сум од тоа како ја изведовме операцијата. Се разбира дека ќе ја надгледуваме во иднина, но очекувам Деа да може да ја користи сосема нормално“, вели Бумбаширевиќ.
Текстот Вучиќ ѝ посака брзо опоравување на Деа Ѓурѓевиќ е превземен од Reporter.mk.