Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон во едно од своите интервјуа проговори за односот кој го има со своите деца. Таа откри дека тие постојано ѝ помагаат во кујна. Кејт вели дека Џорџ и малата Шарлот обожаваат да готват.
„Обожаваат да подготват паста со сирење. Додека едниот го става брашното, другата става млеко и масло. Правиме салати и слични јадења. Сите тројца готвиме како тим“, вели Кејт.
Сопругата на принцот Вилијам, откри дека нејзината ќерка Шарлот обожава да јаде маслинки.
Текстот Принцот Џорџ и принцезата Шарлот обожаваат да готват во кујна е превземен од Reporter.mk.