Пејачката Емина Јаховиќ ги негирала сите шпекулации поврзани со несогласувањата кои таа ги имала со нејзиниот брат. Емина вели дека è многу поврзана со нејзиното семејство и покрај тоа што ретко може да се видат во јавност.
Медиумите пишуваа дека пејачката е скарана со сопругата на нејзиниот брат Мирсад Јаховиќ, а како резултат на тоа Емина не присуствувала на нивната венчавка. Сепак таа ги негираше ваквите пишувања во медиумите.
„Апсолутно не е вистина дека имам било што против сопругата на Дино. Мојот брат го сакам најмногу на светот и се разбира дека ја почитувам личноста која го прави среќен. И двајцата сè во брак веќе неколку месеци, а сега беа во општина да се регистрираат. Сите во семејството сè сакаме беспрекорно. Од нив ја добивам најголемата поддршка во животот. Тоа е вистината и така ќе остане засекогаш“, изјавила Емина.
Братот на Емина, Мирсад со својата прва сопруга, поранешната мисица Дина Џанковиќ има три деца, синот Нусрет и ќерките Каира и Неба. Од неа сè има разведено во 2012 година, а во 2016 година се оженил по втор пат со Душица Трниниќ. Со неа има два сина.
Текстот Емина не била на свадбата на брат ѝ, пејачката негира дека се скарани е превземен од Reporter.mk.