(Фото) Виктор ослабе 50 килограми, синот на Брена задоволен од изгледот

Помладиот син на балканската ѕвезда Лепа Брена, Виктор Живоиновиќ, веќе подолг период се бори со вишокот на килограми, а сега конечно вели дека може да се пофали со резултатите.

Виктор вели дека изминатиот период не се срамел отворено да зборува за диетата која ја практикувал. Сега на својот Инстаграм профил објавил фотографија на која може да се забележи напредокот кој го направил во последните две години.

„Пред 2017 година и по 2019 година“, напишал Виктор на фотографијата.

Неговите обожаватели на социјалните мрежи, споделија еден куп комплименти и коментари на поддршка. Се чини дека сега Виктор конечно е задоволен со својата килажа. Во 2018 година изјавил дека успеал да ослабе 50 килограми.

„Не сум утврдил точно уште колку килограми треба да ослабам, но мислам дека уште десетина килограми треба да ги стопам. Важно ми е да се стегнам и мускулите подобро ги оформам. Откако ослабев 50 килограми, постојано добивам пофалби, но гледам дека може и подобро од тоа“, изјавил Виктор во септември минатата година.

 

 

Текстот (Фото) Виктор ослабе 50 килограми, синот на Брена задоволен од изгледот е превземен од Reporter.mk.