Данска ќе изгради 9 острови кои ќе произведуваат обновлива енергија

Во обид да добие повеќе енергија од обновливи извори, данската влада ги објави плановите да изгради девет нови вештачки острови, како дел од проектот за подобрување на енергетската ефикасност во данската метропола. Предвидено е изградбата да почне во 2022 година, а проектот наречен Holmene (островчиња), ќе се состои од 3 милиони квадратни метри земјиште и ќе се најде само на 10 километри јужно од Копенхаген.

Островите ќе произведуваат енергија без грам фосилни горива. Островчињата, исто така, ќе послужат како технолошки центар и дестинација за спорт и рекреација. Неколку од островчињата ќе останат недостапни како дел од планот за подобрување на биодиверзитетот во регионот, кој предвидува проектот да биде развиен од локална фирма за архитектонско проектирање и планирање – Urban Power. Островите ќе бидат изградени од 26 милиони кубни метри вишок земјиште. Тоа ќе се добие од метрото во регионот и од градежните проекти. Почвата ќе биде искористена за креирање на природни бариери за поплави околу крајбрежјето и база за иден “зелен појас” на секој остров.

Се очекува проектот да чини 425 милиони евра и да создаде 380 нови бизниси и 12.000 работни места.

Текстот Данска ќе изгради 9 острови кои ќе произведуваат обновлива енергија е превземен од USB.mk.