Најдобриот македонски каратист Дејан Недев вчера ја одбрани докторската дисертација на Државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија. Тој докторираше на тема „Истражување на зависностите помеѓу антропометринските показатели, моторните способности и вештини на 15-годишни учесници во услови на настава по физичко образование и спортски воннаставни активности по боречки спортови (карате, џудо, борење и бокс)“. Недев докторатот го подготвуваше 6 години, а напишан е на 278 страници.
Пред 2 години на истиот Универзитет докторираше и постариот брат на Дејан, Аљоша Недев.