Докторираше каратистот Дејан Недев

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев вчера ја одбрани докторската дисертација на Државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија. Тој докторираше на тема „Истражување на зависностите помеѓу антропометринските показатели, моторните способности и вештини на 15-годишни учесници во услови на настава по физичко образование и спортски воннаставни активности по боречки спортови (карате, џудо, борење и бокс)“.  Недев докторатот го подготвуваше 6 години, а напишан е на 278 страници.

Пред 2 години на истиот Универзитет докторираше и постариот брат на Дејан, Аљоша Недев.