Тврдењето на групата научници од една биотехнолошка компанија во Израел дека ќе имаат лек за сите видови на карцином во рок од една година, го побиле другите научници, означувајќи го како “лажно”, “многу неодговорно”, “неосновани”, па дури и “сурово”.
Во неодамнешните статии компанијата “AEBi”, основана во 2000-та година, најавила дека развива нов третман кој ќе овозможи целосно лечење од рак “без нуспојави или со минимални несакани ефекти по значајни пониска цена од другите третмани на пазарот”.
Тој третман, како што тврделе Ден Аридор, претседател на управниот одбор на компанијата и директорот Илан Морад, кој тие го нарекуваат “MuTaTo”, делува во основа како антибиотик за карцином и дека резултатите од истражувањата се многу добри.
Скептичните научници рекле дека истражувачката група не објавила никакви наоди да ги поткрепи своите тврдења.
Морад за “Times of Israel” изјавил дека истражувањето не било објавено во медицинските журнали бидејќи тоа не може да си го дозволат, иако престижните научни журнали не наплаќаат за објавување на сериозни научни истражувања.
Викторија Фостер, која како дете го преживеала ракот и ја истражува таа болест, во списанието “Forbes” напишала дека компанијата не пружила информации за наводното лечење. Таа навела и дека тврдењата дека еден третман ќе делува на повеќе од 200 различни типови на рак, “се многу неизвесни”.
Во меѓувреме Американското друштво за карцином објавило статија во која се наведува дека тврдењата на израелската компанија не се вистинити, и дека нивниот пристап не е единствен, односно дека многу слични методи не успеале.
Директорот на израелската Група за унапредени технолошки индустрии, оценил дека таквата ситуација го нарушила имиџот на израелските природни науки.
Досега со споменатиот третман биле излечени само глувци, не и луѓе.
Текстот Тврдењето на научниците за целосното лечење на ракот е лажно и сурово е превземен од USB.mk.