Американскиот претседател Доналд Трамп во поседните три месеци речиси 60% од работното време кое треба да го троши на претседателствување го троши за состаноци за свои потреби, пишува порталот Axios.
По тој повод голем број твитерџии на социјалните мрежи го исмеајаа објавувајќи карикатурни фотографии од него како чита весници или гледа телевизија.
Ваквото трошење на времето од Белата куќа го окарактеризираа како „извршно време“. Концептот на „извршно време“ за Трамп го осмислил поранешниот шеф на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели. Тој своевремено овој предлог го образложил со зборовите дека Трамп мрази да биде затечен од вообичаениот дневен распоред.
Работниот ден на американскиот претседател почнува во 5:30 часот утрото, но деталниот извештај, кој стигнал до јавноста, открива дека остатокот од денот не му е посебно структуиран.
White House aggressively hunting “executive time” leaker who embarrassed Trump by revealing empty schedule https://t.co/rNKcf6Zums pic.twitter.com/S3HfOACHRO
— Newsweek (@Newsweek) February 9, 2019
White House aggressively hunting “executive time” leaker who embarrassed Trump by revealing empty schedule https://t.co/rNKcf6Zums pic.twitter.com/S3HfOACHRO
— Newsweek (@Newsweek) February 9, 2019
Во неговиот роковник стои дека во периодот меѓу осум и 11 часот, тој треба да биде во Овалната сала, но тој во тоа време никогаш не è таму. Трамп претпладнето го минува во резиденцијата гледајќи телевизија, читајќи весници и објавувајќи постови на Твитер, тврди порталот, повикувајќи се на извор од Белата куќа.
Околу 11:00 часот и 11:30 часот Трамп ги има првите состаноци, најчесто со претставници од безбедносните служби и шефот на кабинетот. Трамп во 297 часови од вкупно 500 работни часови ги минува во „извршно време“.
На состаноците минал 77 часа, а на патувања 55 часа. На ручеци потрошил 39 часа, а за разни манифестации 38 часа. Порталот Axios пренесува дека во податоците не се опфатени сите состаноци на претседателот, туку пред се само оние кои ги има со советниците, кои често ги свикува без најава.
Некои од состаноците пак ги одржува во рамки на „извршното време“, за да не дознаат сите вработени.
The reason I have hope for the future: #Trump is only working 40% of the time. #ExecutiveTime pic.twitter.com/4wGyC9mNfP
— Robert Mack (@bxl_mack) February 8, 2019
„Претседателот Трамп има поинаков стил на раководење за разлика од неговите претходници, а резултатите говорат сами за себе. Иако голем дел од просечниот работен ден го минува на закажани состнаоци, настани и телефнски разговори, сепак во текот на денот му останува доста време и за креативност. Тоа го прави еден од најпродуктивните современи претседатели“, вели портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.
Со тоа сепак не се согласуваат голем број на твитерџии кои се пошегуваа на сметка на претседателот на САД, навестувајќи дека најмоќниот човек на светот има премногу слободно време и дека не го користи правилно.
Executive Time… pic.twitter.com/Qxe3gsQPna
— Mike Rosner (@roznyny) February 6, 2019
Executive time! pic.twitter.com/WN6L7hTsnG
— Suburbian Snowflake (@SuburbianSnowf1) February 7, 2019
Editorial cartoon by Rob Rogers#Trump #DonaldTrump #ExecutiveTime #FoxAndFriends #Fox&Friends #WatchingTelevision #WatchingTV #Unproductive pic.twitter.com/OIn1CG68Wz
— William Quincy Belle (@wqbelle) February 8, 2019
Josh Trump taking some “executive time” at the #SOTU by the looks of it. pic.twitter.com/w9AKL2XOut
— Simon Jessey (@scjessey) February 6, 2019
#Caturday morning activity: Unstructured Executive Time pic.twitter.com/4FJMmAZie4
— Edouard_ze_cat (@Edouard_ze_cat) February 9, 2019
If your looking for me I’m having Executive Time now – pic.twitter.com/G8SzkszEhF
— pamela mcqueen (@pamelamcq) February 7, 2019
Текстот Трамп има премногу слободно време, претседателот исмеан од твитерџиите е превземен од Reporter.mk.