Холивудскиот актер Џони Деп, кој во моментов престојува во Белград каде го снима својот најнов филм Минамата, потрошил повеќе од два милиони евра за еден месец. Ова го вели Игор Мариќ директорот на продукцијата Music star, кој иако изгледало невозможно, сепак успеал да стапи во контакт со холивудската ѕвезда.
Мариќ вели дека Деп бил условен со договор од неговата манаџерска компанија на потрошен лимит од два милиони евра месечно, но оваа сума актерот одамна ја надминал.
„Имавме 20 минути за интервју, а то го продолжи на 45 минути. Деп е ограомна ѕвезда и секогаш остава таков впечаток, но сега се однесува сосема нормално. Очекував дека нема да ни дозволи да му се доближиме. Кога завршивме се поздрави со сите поединечно“, се присетува фотографот Драган Карадервиќ, кој покрај Мариќ бил еден од ретките кои успеале да разговараат со Џони Деп.
Двајцата велат дека и претходно голем број на светски ѕвезди престојувале во Србија и секој од нив имал невообичаени барања и потреби.
Меѓу нив биле Моника Белучи, Џенифер Лопез, групата „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, Стинг и многу други.
Неодамна медиумите пишуваа дека поради големиот број фанови кои сакале да се видат со Деп, организаторите морале да го променат хотелот каде престојува, актерот.
Особено проблем настанал по собраните проститутки пред хотелот кои инсистирале да да се видат со него. Медиумите пишуваа и дека екипата на Деп ангажирала и тројца дублери за потребите на снимањето на најновиот филм „Минамата“.
Поради големиот број проститутки, Џони Деп морал да го смени хотелот
Текстот Џони Деп во Белград потрошил над два милиона евра за еден месец е превземен од Reporter.mk.