Да имав 600 милиони, можеби ќе ѝ бев интересна, Саманта бесна на Меган

Откако „Дејли Мејл“ минатата недела јавно го објави писмото на Меган Маркл, кое војвотката го испратила на нејзиниот татко Томас, со свој коментар се јави и нејзината полусестра Саманта.

Саманта вели дека била иритирана од тоа што Меган во писмото напишала дека тие две никогаш немале близок однос и дека Меган никогаш не ја познавала премногу добро за да се дружи со неа.

„Очигледно некои нарцисоидни луѓе сакаат да се единствено дете на мојот татко. Да имам 600 милиони долари, можеби би ѝ била интересна“, напишала Саманта на својот Твитер.

Напнатоста во односите во семејството Маркл, прв низ медиумите ги почнал таткото Томас и неговите деца од првиот брак, Саманта и Томас Јуниор. Поради тоа многумина ги осудуваат и сметаат дека нивната цел е само да профитираат на името на својата ќерка и полусестра, која во мај минатата година се омажи за принцот Хари.

Саманта сега сака да објави книга за војвотката од Сасекс. Ова го открива близок пријател на Меган, кој вели дека војвотката била силно погодена од ваквата идеја.

„Меган прекина да чита весници и сензационалистички наслови откако дозна дека нејзината полусестра планира да објави книга за неа. Меган плачеше и беше многу тажна. Тоа што најмногу ја изнервира Меган е тоа што Саманта никогаш не покажала чувство дека сака да ја искористи за брза заработка“, вели пријател на сопругата на Хари.

Поради скандалите кои непрекинато се нижат, членовите на кралското семејство и нејзини блиски пријатели велат дека се загрижени за здравјето на Меган. Сопругата на принцот Хари треба да се породи за два месеци.

 

Текстот Да имав 600 милиони, можеби ќе ѝ бев интересна, Саманта бесна на Меган е превземен од Reporter.mk.