Најголемиот мексикански нарко-шеф, Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо остатокот од својот живот ќе го мине зад решетки откако беше прогласен за виновен по 10 точки од обвинувањето за трговија со дрога.
Ек Чапо ќе биде испратен во Колорадо, злогласниот затвор ADX Florens. Како што пренесуваат американските медиуми, никој досега не успеал да побегне од овој затвор.
Ел Чапо нема да биде осамен. Во оваа установа се наоѓаат голем број на познати криминалци, бомбаши и терористи. Меѓу попознатите се Џохар Царнајев, кој со експлозив усмртил тројца, а ранил 280 куѓе на Бостонскиот маратон. Потоа Абу Хамза, радикалниот исламист кој наместо рака има кука и Тед Качински, кој сеел страв ширум Америка, кога испраќал меѓу граѓаните писма-бомби.
ADX Florens е отворен во 1994 година, а изграден е така што стражарите и целосната заштита и обезбедување сè на највисоко можно ниво. Тоа е така поради тоа што во минатото биле регистрирани голем број на пропусти, па дури имало и жртви во пресметките меѓу затворениците и чуварите.
Условите во затворот сè исклучително тешки. Робијашите минуваат по 23 часа во самици со димензии 2×3,60 метри. Стаклениот прозорец со димензии од 120×10 сантиметри, овозможува поглед во небото, па затворениците не можат ни да насетат во кој дел од затворот се наоѓаат. Секоја затворска ќелија има бетонски кревет, шоља и полица. Целиот комплекс е обиколен со бодликава жица.
„Во Гвантанама имаат многу подобар третман отколку ние овде“, изјавил еден затвореник кој условите во овој затвор ги опишал како нехумани.
Зад најдоброто обезбедување на затворот во САД досега никој не успеал да побегне, па затоа е познат и како „Алкатраз на Карпестите планини“. Тука сè затворени најголемите злосторници кои според зборовите на Норман Карлос, поранешниот директор на Управата на затворот, немаат никаква почит кон човечкиот живот.
Затворскиот комплекс делумно се наоѓа под земја и è опкружен со големи високи ѕидови, така што затворениците не можат да видат што се крие позади нив.
Поради тоа затворениците целосно се дезоирентирани, што и è првичната цел на затворот, за да се спречат обидите за бегство.
Текстот Ел Чапо прогласен за виновен, остатокот од животот ќе го мине зад решетки е превземен од Reporter.mk.