Силен студ ветер и снег се забележани во повеќе американски држави. Поради големото невреме, службите мораа да ги затворат школите, особено во северозападните делови на Америка.
Во државата Вашингтон забележани се три снежни бури во февуари, а измерени се снежни наноси и до 36 сантиметри. Метеоролозите сооштиле дека во американската сојузна држава се очекуваат врнежи и во текот на денешниот и утрешниот ден.
Во северна Калифорнија, поточно во округот Хумбилт, место каде 15 години не биле забележани врнежи од снег, сега е целото покриено со снежни наноси.
За снежниот удар се подготвуваат и државите од средна Америка, пренесуваат американските медиуми.
Текстот (Видео) Снежна бура во САД, измерени 36 сантиметри снег е превземен од Reporter.mk.