Свеќи, црни ленти и тага – познатите изразуваат сочувство за загинатите од вчерашната трагедија

По вчерашната трагедија, во која загинаа 15 патници, откако се преврте автобусот на автопатот Скопје-Тетово, на социјалните мрежи постојано се споделуваат пораки со сочувство за настраданите во несреќата. Корисниците на социјалните мрежи ги заменија профилните слики со црни ленти, слики на свеќи што горат или едноставно само со црна фотографија. И познатите личности жалат и го изразуваат своето сочувство. И тие ги сменија своите  профилни слики. Пејачката Каролина Гочева го одложи концерот од 15 февруари. Таа ја напиша и својата порака. „Вечерва сме сите во мислите со семејствата на настраданите и повредените во денешната трагедија. Многу тажен ден за Македонија… Примете искрено сочувство“, напиша вчера Гочева. Викторија Лоба, Елена Ристеска, Слаткар, Игор Џамбазов, Лила Филиповска, Ирена Ристиќ, Дани Димитровска и многу други јавни личности со сочувство на „Фејсбук“ и со црна профилна фотографија.

„Вечерва, Македонија е во црнина… сочувство за семејствата на загинатите… се молам за брзо закрепнување на повредените. Едно сме“, или „Нека им е светол патот… нека почиваат во мир. Сочувство на семејствата на загинатите во оваа огромна трагедија“, се само дел од пораките што ги напишаа познатите.

Текстот Свеќи, црни ленти и тага – познатите изразуваат сочувство за загинатите од вчерашната трагедија е превземен од Reporter.mk.