Кети Пери и Орландо Блум се верија за Денот на вљубените

Пејачката Кети Пери и глумецот Орландо Блум се верија за Св. Валентин. Веста за свршувачката прва ја откри пејачката која сподели слика на „Инстаграм“ и го покажа розовиот свршенички прстен во форма на цвет.

Слика од веридбата сподели и мајката на Пери, која објави неколку фотографии од двојката и напиша: „Погледнете кој се вери на Св. Валентин!“

34-годишната пејачка и 42-годишниот актер ја започнаа врската на почетокот на 2016 година. Тие беа разделени неколку месеци во 2017 година, пред повторно да ја обноват врската.

Текстот Кети Пери и Орландо Блум се верија за Денот на вљубените е превземен од Reporter.mk.