Ким Кардашијан секојдневно вежба со личниот тренер Мелиса Алкантром, со цел да добиде совршен стомак. Мелиса вели дека Ким станува во раните утрински часови ѝ поминува час и половина во затегнување и оформување на својот стомак.
Мелиса објаснува дека Ким за да ја добие посакуваната форма, постојано работи на подигање на карлицата и нозете во лежечка позиција, чучњеви, склекви, а вози и велосипед.
„Ги обожава тренинзите кои ѝ помагаат да добие повеќе сила. Ким не работи многу на кардио тренинзи. 85% од тренинзите се состојат во добивање на сила, а само 15 минути работи кардио вежби. На крајот завршува со одење по лента околу 20 минути, во комбинација со 10 минути спринт“, вели Мелиса.
Тренерот објаснува дека стомакот на Ким сега изгледа совршено затегнато и дека старлетата ќе продолжи со тренинзите и во иднина со цел да остане во топ форма.
Текстот (Фото) Ким Кардашијан вежба секој ден, старлетата сака рамен стомак е превземен од Reporter.mk.