Денеска во Абердин во Шкотска се венчаа Кит Харингтон и Роуз Лесли, популарните глумци од хит-серијата „Игра на тронови“. Во црквата прв пристигна Кит, облечен во модерен костум со сиви панталони, црно палто и елек, а набргу по него пристигна и Роуз, во венчаница од тантела со вел. До црквата ја одведе нејзиниот татко, кој следејќи ја шкотската традиција, носеше килт.
Меѓу гостите на свадбата на Џон Сноу и Игрит се и Емилија Кларк, Софи Тарнер и Питер Динклиџ, сите глумци во најскапата серија во моментов.
Продуцентите на серијата го прекинаа снимањето на „Игра на тронови“ пред свадбата, а последните сцени ќе почнат да ги снимаат следниот месец, кога Кит и Роуз ќе се вратат од меден месец.
Двојката се запозна на снимањето на серијата во 2012 година.