Водителката Деа која доживеа несреќа ѝ понатаму е на интезивна нега

Младен Мијатовиќ новинарот и партнер на водителката Деа Ѓурѓевиќ, која неодамна доживеа тешка несреќа, изјавил дека таа во моментов се наоѓа во болница на интезивна нега, каде се опоравува од тешките повреди.

Деа во несреќата се здоби со тешки повреди на раката. За среќа специјален тим од лекари имаа успешна операција и успеаа да ја спасат.

„Како што велат докторите, Деа во моментов сè наоѓа на интезивна нега во една од шок собите на VMA. Таму ја добива целата потребна нега и внимание од лекарскиот персонал. Не се дозволени посети, а велат дека можна е ѝ појава на епидемија. Деа нема комуникација со надворешниот свет, нема телевизија, телефон. Кон неа, лекарскиот тим се однесува како кон било кој друг пациент“, изјавил Младен и додал дека лекарот кој ја извел операцијата, постојано ја надгледувал нејзината состојба.

Специјалистот Марко Бумбаширевиќ операцијата ја направи на 7 февруари. Тој вели дека постојано ја надгледува здравствената состојба на Деа.

„Се што медицински е потребно е доставено. Засега работите се одвиваат онака како што очекуваме. Сите сакаме што побрзо Деа сè врати на малите екрани“, изјавил Бумбаширевиќ.

Младен вели дека додека била свесна Деа постојано покажувала позитивен дух.

„Силна е, психички стабилна ѝ со позитивна енергија. Се труди да им помогне на сите лекари и медицински сестри кои се грижат за неа и сите останати. Покажува голема благодарност на сите кои и пружаат поддршка. Има ведар дух, а тоа го знаеме сите ние, кои сме со неа“, изјавил Младен за една утринска програма.

 

Текстот Водителката Деа која доживеа несреќа ѝ понатаму е на интезивна нега е превземен од Reporter.mk.