Замина кралот на народната музика

Ѕвездата на народната музика Шабан Шаулиќ доживеа тешка сообраќјна несреќа по настапот во Германија во ноќта меѓу саботата и неделата на 16 и 17 февруари.

Шабан е роден на 6 септември 1951 година. Беше српски пејач на фолк музиката, музичар и продуцент. Во текот на својата богата кариера од публиката го добил надимакот „крал на народната музика“.

Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 година, во Шабац. Неговата мајка Илдуза Демировиќ живеела во Биелина, каде ѝ тој самиот го минал добар дел од својот живот. Потоа се преселил во Белград каде продолжил да работи и твори. Со својата сопруга Гордана ги има трите деца, Санела, Илда и Михаил.

Омилено хоби му биле риболовот и фудбалот. Првиот албум Шабан го издал во 1969 година, кога имал осумнаесет години. До 1976 година, автор на неговите песни бил Буца Јовановиќ. Потоа почнал да соработува со Раде Вучковиќ.

Во 1985 година Раде Вучковиќ му ја напишал песната „Гордана“, која Шабан ја посветил на својата сопруга. Песната „Дојди да остариме заедно“ и „Два галеби бели“ се сметаат за едни од најдобрите народни песни на Шабан.

Покрај нив Шабан ги има отпеано и хитовите „Сине“, „Со денови те чекам“, „Снежана“, „Заминуваш, заминуваш“ и многу други.

Шабан сè има појавено и на филмското платно во 1981 година. Глумел во серијата „Убијците на мојот татко“, а во истата ја отпеал песната „Нема повеќе никого“. Музиката и текстот го напишала Александра Ковач.

Шабан беше еден од членовите во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ од 2013 до 2016 година и „Пинковите ѕвезди“од 2016 до 2017 година.

 https://reporter.mk/balkankan/foto-vo-strashna-soobrakajka-zagina-shaban-shaulik/