Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Кралот на народната музика, според неофицијални информации, во возилото за време на несреќата бил со возачот и кумот, а несреќата се случила во околината на Билефелд, место каде пејачот претоходно натапувал.
Итните служби пристигнале на местото на несреќата околу 6 часот и 50 минути. Германските медиуми известуваат дека патот до 9 часот и 30 минути бил непрооден. Пожарникарните служби два часа се обиделе да ги извлечат телата од возилата.
Шабан Шаулиќ веднаш бил пренесен од итната помош во најблиската болница каде починал.
Вознемирувачките фотографии можете да ги погледнете на следниот линк.